Возење за време на летните одмори 😍 Автопатот не е секогаш најдобриот пат

Автопатот не е секогаш најдобриот пат

Сите уживаме во одморот. За многу од нас, сезоната на одмори подразбира возење до викендичка, посетување на блиските туристички места, но и патување со автомобил во друга земја. Искусен професионалец од тимот на производителот на врвни пневматици Nokian Tyres ни даде совет како патувањето да ни биде удобно и безбедно.

Објавено на 10 август 2019 година

Проактивниот став и подготовките обезбедуваат успешно летно патување. Тргнувањето по завршетокот на работната недела во натоварен автомобил може да го расипе духот на одморот и да направи сите да завршат уморни и нерасположени. Мартин Дражик, производствениот менаџер на Nokian Tyres Europe, препорачува поопуштен пристап. – Времето во текот на одморот е помалку битен фактор. Автопатот не е секогаш најдобриот пат, понекогаш е попаметно да се користат споредните патишта. Ако поминете седум часа во возење кое инаку би траело шест часа, ќе може многу подобро да уживате во летото отколку да сте возеле по автопат, вели тој.

Ако планот ви дозволува, би требало да правите и паузи. Тие имаат своја важна, освежувачка цел. Ако патувате со деца од школска возраст, можете и нив да ги прашате дали имаат некој добар предлог за место за пауза. – Ако планирате да запирате попат, запрашајте се каде вашите деца би сакале да го поминат времето. Интернетот сигурно нуди некои добри идеи, предложува Дражик.

Брановите врелина го оптоваруваат акумулаторот

Пред патување, треба благовремено да го сервисирате автомобилот. Како минимум, треба да ја проверите состојбата на акумулаторот. – Врелото време може поприлично да го оптовари акумулаторот, а вашите деца обично обилно ќе ги користат своите таблети, плеери и полначи, додава Дражик. Секоја година треба да го менувате полен филтерот за воздух за кабината и да го сервисирате клима уредот најмалку секоја втора година. На возачот, патниците и куќните љубимци ќе им годи пријатната температура во возилото.

Проверете ги пневматиците пред тргнување

На пневматиците треба да проверите минимално две работи: притисокот на воздухот и длабочината на шарата, која е посебно важна по дождливото летно време. Кога небо ќе се отвори и изненадниот дожд ќе го заплиска коловозот, лошите пневматици можеби нема да можат да истиснат доволна количина вода, што доведува до пливање на пневматиците. Безбедниот пневматик има најмалку 4 милиметри преостаната длабочина на шарата. Притисокот во пневматиците можете да го проверите на бензинска пумпа или кај вулканизер, на пример. Патувањето на одмор обично значи дека автомобилот ќе биде полн со луѓе и багаж, така што притисокот во пневматиците треба да се подеси за полно оптоварување. Податоците за тоа можете да ги најдете во прирачникот на автомобилот. Одговарачкиот притисок во пневматиците ја намалува потрошувачката на гориво, продолжува животниот век на пневматиците и возењето го прави побезбедно.

Мартин Дражик подели и еден корисен совет кој го има научено од својот дедо. – Кога ќе стигнете на одредиштето, автомобилот секогаш паркирајте го така предниот крај да биде свртен нанадвор. На тој начин ќе можете веднаш да тргнете ако се нешто случи, на пример, ако морате да одите во болница. Секако во еден момент ќе мора да го свртувате автомобилот.

Контролна листа за летен одмор:

1. Сервисирајте го автомобилот однапред
Закажувањето на сервис или преглед однапред ви овозможува да одберете време кое ви одговара. Не би било лошо да закажете сервисирање или купување нови пневматици во месецот во кој не морате да го плаќате летувањето. Има сервиси кои нудат и плаќање на рати.

2. Осигурајте безбедност на пневматиците
Проверете дали притисокот во пневматиците е одговарачки, сторете го тоа и на резервното тркало. Ако сте заборавиле да ги затегнете завртките кога сте ги менувале пневматиците, сторете го тоа сега. Треба да го проверите и центрирањето за да избегнете нееднакво или пребрзо трошење на пневматиците.

3. Чистење однадвор и одвнатре
Исфрлете ги непотребните ствари и измијте го автомобилот и однадвор и одвнатре. Проверете дали на ветробранското стакло постојат пукнатини од удари на камчиња кои би требало да се поправат. Најдобар начин за чистење на ветробранското стакла од внатрешната страна е со помош на благо средство за чистење на стакла и крпа од микрофибер. Инсектите залепени од надворешната страна треба брзо да се отстранат, пред сонцето да ги запече на стаклото.

4. Подгответе се за изненадувања
За да бидете подготвени за итни случаи, во автомобилот секогаш треба да имате комплет прва помош, вода за пиење и резервна батерија за мобилниот телефон. Преземање и некоја апликација за помош на пат пред тргнување исто така не е лоша идеја.

5. Бидете внимателни за време на возењето
Откако ќе завршите со паузата при возење, секогаш проверите дали сите патници се во автомобилот, како и нивните мобилни телефони, паричници или очила. Ако е можно, би требало возачите да се менуваат од време на време.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER