Го губи ли водородот темпото во битката за иднината?
И онака слабата продажба на ретките возила со горивни ќелии започна интензивно да опаѓа. За загрижувачкото ниво на кое се најде има многу виновници од кои најголеми се високите цени и бедната понуда составена од само два модела, Toyota Mirai и Hyundai Nexo.
Не напредува ни остварувањето на ветувањата за пораспространета дистрибутивна мрежа за ова еколошко гориво – низ целиот свет има едвај околу 800 станици за негово полнење. За тоа нормално, се обвинува токму малиот број возила што користат водород. Така сега веќе и најголемите оптимисти молчат пред настаната ситуација што е постаро, јајцето или кокошката.
Производителите на возила пак се доста претпазливи и фокусот го имаат насочено кон батериските автомобили чиј развој им ги троши инженерските и финансиските ресурси. Засега единствен кој напредува е BMW, кој како партнер за технологиите ја има Toyota – другите имаат само планови.