Внимателно по улиците, се трча маратон
објавено на 3 мај 2019 година
Министерството за внатрешни работи известува дека заради одржувањето на традиционалниот Виз Ер маратон од денес во 19 часот до утре до 18 часот на повеќе скопски ќе биде воведен посебен режим на сообраќај. Оваа традиционална спортска манифестација годинава се одржува на трите тркачки патеки. За трката од 5. 000 метри за сообраќај времено ќе бидат затворени следните сообраќајници: од стартната точка на ул. Димитрие Чуповски право по ул. 11-ти Октомври во правец кон Градска Болница, право кон Црвен Крст, кај Тутунски комбинат лево по бул. Крушевска Република, па десно по бул. 3-та Македонска Бригада, право по бул. 3-та Македонска Бригада до крстосница со ул. Црвена Вода 7 каде што се врти полукружно па право по бул. 3-та Македонска Бригада, десно по ул. Фрањо Клуз, лево по спротивната насока на движење на бул. Кузман Јосифовски Питу, лево по бул. Кочо Рацин десно по ул. 11-ти Октомври до целта кај собранието.
Втората траса за трката на 21-километарскиот полумаратон е старт преку Порта Македонија, Плоштад Македонија, преку Камени мост, лево на ул. Иљо Војвода, лево по мост Гоце Делчев, право по бул. Илинден лево по ул. Љубљанска, право по ул. Московска, десно по ул. Војвода Васил Чакаларов, на крајот на улицата се врти полукружно назад и се продолжува право по ул. Митрополит Теодосиј Гологанов, право по ул. Димитрие Чуповски, право по ул. 11-ти Октомври, лево по бул. Крушевска Република, десно по бул. 3-та Македонска Бригада, лево по ул. Фрањо Клуз, десно по бул. Јане Сандански до крајот пред семафорот со бул. Србија се врти назад по бул. Јане Сандански, лево по ул. Фрањо Клуз, десно по бул. 3-та Македонска Бригада, лево по бул. Крушевска Република, десно по ул. 11-ти Октомври, право до пред собранието каде што е и целта.
Третата траса е за штафетниот маратон на 42 километри кој ќе се трча по истите улици како и полумаратонот, но по првиот круг кога натпреварувачите ќе дојдат пред собранието, продолжуваат уште еден круг право по ул. Димитрие Чуповски, десно по бул. Св. Климент Охридски, лево по бул. Илинден и се трча истата рута како од првиот круг.