Првиот човек на Renault Лука Де Мео најави дека компанијата ќе се подели на две главни гранки, првата за производство на електрични возила и втората за производство на возила со мотори на внатрешно согорување и хибриди. Сега пристигна нова вест во која планот за реорганизација се проширува. Тој е ажуриран и наместо две, органиграмот ќе има вкупно пет гранки! На постоечките се приклучуваат одделението за спортски автомобили Alpine, финансиски услуги и нови бизниси за мобилност и рециклирање.


