Булеварот кај Бит-пазар осамна со ново руво
Објавено на 2 септември 2019 година
Работејќи ноќе, градежните екипи успеаја да завршат со реконструкцијата на булеварот Крсте Мисирков пред да започне септемврискиот сообраќаен метеж – последната задача им беше обележувањето на сообраќајната сигнализација, по што сега овој фреквентен булевар е пуштен во употреба и во двете насоки. Работите на него траеја 15 дена за кои тој целосно и темелно е реконструиран во должина од 1.350 метри во двете насоки, на потегот од крстосница кај судската палата до клучката Бит-пазар. Во наредните денови се очекува да заврши и реконструкцијата на булеварот Кочо Рацин кај олимпискиот базен.