Булеварот Асном пуштен за сообраќај
Објавено на 26 мај 2020 година
По неколкумесечна реконструкција, булеварот Асном во општина Аеродром повторно е пуштен за сообраќај. Во оваа прва фаза проширениот булевар меѓу крстосниците со улицата Васко Карангелевски и булеварот Србија кај мостот Близнак има по 3 коловозни ленти во двете насоки, пешачки и велосипедски патеки од двете страни и средишно зеленило. Во наредната фаза тој треба да се поврзе со населбата Ќерамидница во општина Гази Баба, со што Аеродром ќе добие нова сообраќајна релација кон Центар кај поранешен Скопски саем.



