Будалаштини или вистина » Rolls-Royce планира да изгради 15 мини-нуклеарни централи!

Top News Занимливости

Rolls-Royce планира да изгради 15 мини-нуклеарни централи!

Британските медиуми јавуваат за шокантна одлука на Rolls-Royce plc

Објавено на 27 јануари 2020 година

Rolls-Royce има за цел до 2029 година во Велика Британија да комерцијализира линија мини-нуклеарни реактори. Од компанијата потврдија дека предводат конзорциум кој веќе работи на тоа. Око е фрлено на локациите на поранешните нуклеарни централи во Камбриа или во Велс, каде можат да се сместат меѓу 10 и 15 мини-нуклеарки. Тие секоја поединечно би зафаќале простор до 16 пати помал од стандардните. Британците велат дека до оваа идеја дошле откако во изминатите неколку години големите нуклеарни проекти се напуштени како резултат на повлекувањето на јапонските компании Toshiba и Hitachi, кои не можеле да го добијат потребното финансирање. Со проектот на Rolls-Royce се предвидува еден вид „сериско производство” на повеќе помали нуклеарни централи место една голема, кои би имале поголем број заеднички компоненти а со тоа и помала цена. Според нив овој пристап драматично ќе ги намали трошоците за градба, што ќе резултира со поевтина електрична енергија.

Треба да напоменеме дека протагонистот во оваа вест не е автомобилскиот производител Rolls-Royce Motor Cars, туку компанијата Rolls-Royce plc која произведува авионски мотори, електрични централи и производи за воената индустрија.

 

клучни зборови: