Бензинот поскап, дизелот поевтин

Бензинот поскап, дизелот поевтин

Објавено на 4 ноември 2019 година

Не е прв пат, а нема да биде ни последен – според денешната одлука на регулаторната комисија за енергетика и методологијата за одредување на највисоки малопродажни цени цените на горивата во Македонија, бензинот поскапува за половина односно еден денар, а дизелот поевтинува за половина денар. Така, од полноќ за литар еуросупер БС-95 ќе плаќаме по 67,50 денари, за литар еуросупер БС-98 по 70, а за литар еуродизел БС Д-Е V по 61,50 денари. Причина за ова се движењата на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар кои во споредба со изминатиот седумдневен период забележаа зголемување кај бензинот за 2,18% и намалување кај дизелот за 1,50%, како и поскапувањето на доларот за 0,29%.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER