Бензинот поскап, ама за малку
Објавено на 17 јуни 2019 година
И покрај политичките па дури и воени импликации врз светските нафтени берзи, тие сепак останаа доволно стабилни нашата регулаторната комисија за енергетика да одлучи да не нé избомбардира со повисоки цени на горивата – порасна само онаа на бензинот, и тоа незначително. Согласно нивната одлука, од утре малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 0,35% во однос на досегашните, и тоа – внимавајте – како резултат на зголемувањето на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар, онаа на бензинот во просек за 2,44%, а на дизелот за 1,088%. Но затоа курсот на доларот падна за 0,82% и согласно сето тоа за еуросупер БС-95 ќе плаќаме 0,50 денари повеќе за литар, односно по 67 денари, а за дизелот и поквалитетниот еуросупер БС-98 исто како и досега – по 60 односно 69 денари.