Бензинот поевтин, дизелот уште повеќе

Бензинот поевтин, дизелот уште повеќе

Објавено на 27 април 2020 година

Како ехо од минатонеделните цени на нафтата дојде до значајно поевтинување на дериватите кај нас, според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика во просек за 7,76%. Така, од утре наутро (ноќеска и да сакаме не можеме да наточиме) цената на бензинот се намалува за 2,50 односно 2,00 денари, а на дизелот за двојно повеќе – за 4,00 денари. Согласно методологијата за формирање на цените клучните фактори што влијаат на нив се референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар кои во изминатиот седумдневен  период се намалија кај бензинот за 24,55% и кај дизелот за 31,90%, додека доларот поскапе за 0,665%. Со оглед на тоа е извршено соодветно прилагодување на цената на дериватите кај нас која на еуросупер БС-95 бензинот ќе изнесува 49,50 денари за литар, на еуросупер БС-98 52,00 денари а на еуродизел Д-Е V 42,50 денари за литар.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER