Бензинот поевтинува, но…
Објавено на 14 октомври 2019 година
Иако ваквата вест треба да радува, сепак сите ќе останеме разочарани – регулаторната комисија за енергетика на Македонија на својата редовна седница денес донесе одлука од ноќеска на полноќ бензинот да поевтини, но само оној од 95 октани и тоа едвај за половина денар, додека цените на бензинот од 98 октани и дизел горивото остануваат непроменети. Тоа значи дека за литар моторен бензин еуросупер БС-95 место по 68 ќе плаќаме по 67,50 денари, за литар еуросупер БС-98 по 70, а за литар еуродизел БС Д-Е V по 62 денари. Виновникот за ова треба да се бара во движењата на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар кои во споредба со изминатиот седумдневен кај бензинот се намалија за 1,68%, а кај дизелот пак се зголемија за 1,31%. Треба да бидеме благодарни и што доларот поевтини за 0,68%, инаку нашите регулатори имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати, според методологијата ќе мораа поинаку да ги корегираат малопродажните цени кои сега се намалија во просек за 0,59%.