Бензините поскапеа, дизелот не

Бензините поскапеа, дизелот не

Објавено на 18 февруари 2019 година

Од ноќеска на полноќ, како што извести регулаторната комисија за енергетика, горивата имаат нови цени во просек за 0,98% повисоки, што кај бензините значи поскапување за половина односно еден денар, додека цената на дизелот останува иста. Така, литар Еуросупер БС-95 ќе нé чини 62,50 денари, литар од поквалитетниот еуросупер БС-98 64,50, а литар еуродизел Д-Е V и понатаму 60 денари. До овие корекции дојде откако просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-то дневен период се зголеми за 1,88%, доларот поскапе за 0,496% а референтните цени на нафтените деривати пораснаа кај бензинот за 4,06% а кај дизелот за 2,41%, заради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER