Бензините поевтинуваат, дизелот цврст

Бензините поевтинуваат, дизелот цврст

Објавено на 10 декември 2019 година

Врз основа на бројни членови, ставови, точки и алинеи од законите за енергетика, акцизи и другите, според одлуката на регулаторната комисија за енергетика бензините од утре поевтинуваат. Дизел горивото ја извлече пократката сламка и неговата цена останува непроменета, за што главна заслуга имаат берзанските цени по кои се тргуваа дериватите во изминатата седмица, кои кај бензинот забележаа намалување во просек за 3,83%, а кај дизелот едвај за 0,48%, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување. Истовремено курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период порасна за 0,24% и сега имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати според методологијата, цените на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 се намалуваат за 1,50 денари, односно на 67 и 69 денари соодветно. Малопродажната цена на дизелот Д-Е V не се менува и останува на исто ниво како што беше утврдена со претходната одлука на регулаторната комисија, на 61,50 денари за литар.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER