Бензините поевтини – дизелот поскап

Top News Македонија

Дизелот поскапува за половина денар

Регулаторната комисија одлучи да го поскапи дизелот, а да го поевтини бензинот

објавено 05 октомври 2020

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 1,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 28.09.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 59,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 61,00 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 28.09.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 50,00 ден/лит и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 50,00ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,302ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 28.09.2020 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 25,968 ден/кг.