Вовед во урбаната електромобилност
Промотивната турнеа на целосно електричниот автобус наменет за градски линии Isuzu NovoCITI Volt траеше две седмици и за тој период беа демонстрирани предностите и придобивките што ги имаат урбаните средини со употреба на еколошките превозни средства.
Во годината кога го обележува своето 75 годишно работење, Аутомакедонија ја истакнува својата стратешка определба за обезбедување на комплетна поддршка на електричната мобилност од сите сегменти на автомобилската индустрија, обезбедувањето на соодветна инфраструктура и фокус кон обновливи извори на енергија. Тоа и на дело го покажа со организацијата на “DEMO TOUR 2022” во чии рамки NovoCITI VOLT се возеше на улиците на Струмица, Прилеп, Битола, Тетово, Куманово, Штип, а завршниот настан се случи во Скопје.
Возејќи се во овие 7 града и 23 населби од нивната непосредна околина, повеќе од 2000 граѓани имаа можност “од прва рака” да се уверат во можностите кои овој еколошки автобус ги нуди во организирањето на урбаниот транспорт. Локалните власти и операторите можат да ги искористат предностите на богатата палета на достапни опции на NovoCITI VOLT во зависност од нивните оперативни барања.
Високо маневрирачки со должина од 8 метри, NovoCITI VOLT е лесен за оперативна примена дури и во најурбаните градски средини. Голема предност која го издвојува NovoCITI VOLT се ниските оперативни трошоци и максималната ефикасност. Опсегот на Volt достигнува до 350 km благодарение на своите батерии со високи перформанси со капацитет од 268 kW, што го прави сериозен конкурент и во меѓуградскиот транспорт на патници.
Во рамки на промотивната тура, Аутомакедонија и NovoCITI Volt ја поддржаа и еколошката акција “Куманово мој зелен дом”, организирана од страна на Општина Куманово. Во оваа акција беа посадени дрва кои ќе пораснат во нови бели дробови на градот, а NovoCITI VOLT со своjaтa нулта емисија на CO2 придонесе превозот да биде 100% еколошки и без никакво загадување на околината.