Во автомобилската индустрија се појавуваат многу контрадикторни работи. Производството е намалено, профитите растат, многу марки се несигурни во иднината, но секојдневно се лансираат нови модели. Посебно оние што чинат многу пари. Со таков и го започнуваме денешното издание. Gordon Murray Т.33 во својата спајдер верзија ќе чини 1,89 милиони фунти. Оние поскромните и поклоници на електричните возила ќе им се допадне кинескиот HiPhi кој како да е од друга планета а ќе дебитира на престојниот Шангај мотор шоу. Донесуваме новости и од Њујорк каде штотуку заврши смотрата на автомобили. Добар ден и добредојдовте на уште едно патување низ автомобилските меридијани.


