Првиот месец од пролетта веќе помина, временските услови се подобруваат и сосема нормално е што на улиците се враќаат моторциклите. Пролетта е сезона на автомобилските саеми. Оној во Њујорк само што заврши а пред некој ден започна Шангај мотор шоу од каде ви носиме жешки новости. Денеска имаме ексклузива, ќе се запознаеме одблиску со Maybach EQS SUV заедно со нашиот денешен гостин во студиото, неговиот дизајнер. Пред тоа предност им даваме на моторциклите кои допрва ќе ги видиме во сообраќајот.


