Автопатот Велес-Скопје затворен, алтернатива Свети Николе-Миладиновци

Top News Македонија

Автопатот Велес-Скопје затворен, алтернатива Свети Николе-Миладиновци

Објавено на 16 јануари 2020 година

Утринава заради сообраќајна несреќа меѓу повеќе возила на местото Кула, автопатот Велес-Скопје целосно е затворен за сообраќај. Причината најверојатно е маглата и слабата видливост. е Најблискиот алтернативен правец е преку Свети Николе и по новиот автопат до Миладиновци. Останатиот сообраќај на нашите патишта се одвива тековно по претежно влажни коловози и со намалена видливост поради појава на магла до 50 метри на патниот правец Тетово-с. Гајре, Павлешници, Страцин, Охрид, а и видливост до 100 метри има кај Струга, Велес, Крива Паланка, Тетово, Гостивар, Битола, Прилеп, Кичево, Ресен, Сарамзалино и Штип. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.