Премиера – Mazda CX90

Голијатот од Хирошима

Седум седишта, електрификација, модернизиран ентериер и традиционалноста го карактеризираат најголемиот кросовер на Mazda

Како што обично бива, големите јапонски возила првично се лансираат на американскиот пазар. До таа традиција се држи и Mazda која го претстави своето најголемо до сега спортско-корисно возило во САД од каде очекува и најголем волумен на продажба.

СХ-90 е поставен на нова платформа и тој е најсилниот сериски модел кого Mazda го имала во сериско производство. Во спротивност на трендовите седумседот го задвижува бензински 3,3 литрен турбо-бензински мотор со шест цилиндри поставени во линија кој своето деби го имаше лани во моделот СХ-60, но за оваа прилика значајно е засилен чија моќност достига до 340 коњи и погон на сите тркала.

Заслужен за постигнување на таа сила е и електромоторот помеѓу бензинскиот агрегат и менувачот, склоп што го класифицира како умерен хибрид. Во понудата е вклучена и верзија со приклучен хибрид која овозможува автономија со нулта емисија да 50 километри. Таа е опремена, исто така, со бензински мотор од генерацијата Skyactiv од 2.5 литри впарен со електро-мотор чија системска сила од 323 коњи се дистрибуира на сите тркала.

Движењето на струја го обезбедува батерија со капацитет од 17.8 kWh. Двете изведби се опремени со осум степен автоматски менувач. Производителот тврди дека во најголемиот модел на куќата има доволно спортски зачини и дека возењето потсетува како да сте во најпродаваниот кабрио на светот, двоседот МХ-5.

Тоа не се должи само на надолжно поставениот бензински мотор туку и вградување на Kinematic Posture Control, систем што дебитираше во малата Miatа, задолжен за подобра контрола над возилото, особено при возење низ свиоци. Тој функционира со контролирно активирање на сопирачките на тркалата што се во внатрешната страна на свиокот, исто како што функционира ЕЅР, со што се спречува или намалува наклонувањето на каросеријата а со тоа се зголемува управливоста.

Она што ќе ги израдува идните купувачи е отстапувањето од неколку застарени решенија на опремувањето на интериерот.Сега Mazda располага со дигитален инструмент панел чија големина зависи од ниво на опременост, додека централниот дисплеј од 12,3 инчи а не се изоставени ниту сензорски прекинувачи.

Сепак СХ-90 е означен како изведба за моделската 2024 година што најавува дека неговата комерцијализација ќе започне од втората половина на годинава. Тоа и го објаснува отсуството на темелни информации за перформнсите и пакетите на опременост. Mazda уште се нема изјаснето дали и кога СХ-90 ќе го преплива Атлантикот па дури ги нема објавено прелиминарните цени. За сето ова да го дознаеме ќе треба да бидеме трпеливи барем до летните месеци.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER