Премиера – Honda CR-V

Кревање на стандардите

Шестата генерација на CR-V ги подигнa стандардите на Honda за дизајн, практичност и секојдневна употребливост

Новиот CR-V е рафиниран и ги комбинира вредностите по кои е познат брендот со најновите помагала за возачот, пасивната безбедност и електрификацијата за да се постигне поголема сигурност, динамика и удобност. Фокусот на висококвалитетни бои, материјали и ткаенини низ кабината го приближува кон премиум сегментот.

Целосно новиот модел ја задржува својата позната силуета, но со дизајнерска еволуција. CR-V ќе се нуди во две верзии на погони, самонапојувачки хибрид (e:HEV) или, за прв пат на европскиот пазар, со приклучен хибрид (e:PHEV). Затоа за секоја изведба има сопствен дизајнерски отисок изразен преку засебен изглед на предната маска. Тенките предни светла се комбинираат со новите препознатливи дневни светла за да генерираат силно визуелно присуство, додека одзади, комбинацијата на вертикално стоп светло и трепкачи е паметна еволуција на препознатливиот дизајн на CR-V.

Зголемени се стаклените површини што нуди извонредна надворешна видливост за сите патници. Еволутивниот дизајн го маскира зголемувањето на димензиите. CR-V е поширок, подолг и повисок од претходникот. Каросеријата сега достига скоро 4,7 метри должина додека меѓуоскиното растојание е растегнато за 40 мм.

Ова резултира со многу повеќе простор во кабината и во багажникот. CR-V е првиот модел што е опремен со Honda SENSING 360. Како што тврди производителот, системот пружа безбедност и помош за возачот водечка во класата, отстранувајќи ги „мртвите“ точки околу возилото и дополнително придонесува за избегнување судир. Веќе наведовме дека Honda CR-V има две погонски варизии.

Двете имаат дво литарски четирицилиндричен бензински мотор со директно вбризгување кој е ревидиран за да се подобри ефикасноста, префинетоста и динамичните перформанси. Самонапојувачкиот хибрид е превземен од Civic со вкупна моќност од околу 150 kW. Литиум-јонската батерија со густа моќност и два компактни, лесни електрични мотори се комбинираат со бензинскиот мотор за беспрекорно да се префрлат помеѓу трите режими на работа, потполно електричен, хибриден или само на бензин.

На потполно истиот концепт се базира и изведбата со приклучен хибрид но обезбедува да се вози само во електричен режим до 82 километри што овозможува повеќе од задоволување на дневните потреби на просечен европски возач. Батеријата, за која не е дадена спецификација, може да се наполни за 2,5 часа. Honda само го претстави новиот CR-V, а неговата продажба на Стaриот континент треба да започне во задниот квартал на годинава кога ќе бидат познати цените и деталните технички спецификации.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER