Само нивелирање, ништо повеќе
Согласно своите надлежности, регулаторната комисија за енергетика денеска ги изнивелираше цените на горивата во Македонија согласно движењата на берзите. Според образложението проследено со нивната одлука, заради намалувањето на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар но и поскапувањето на доларот, после заокружувањето на цените, малопродажната цена на еуросупер БС-95 бензинот не се менува, на еуросупер БС-98 се намалува за половина, а на еуродизел Д-Е V се намалува за еден денар.
Така од ноќеска среде ноќ цените на горивата кај нас ќе бидат следниве:
- Еуросупер БС-95 – 105,50 денари за литар
- Еуросупер БС-98 – 107,50 денари за литар
- Еуродизел БС Д-Е V – 100,00 денари за литар


