Златно Тркало 2022 – Доделени наградите на Најпосакуваните

Тројна круна во третото издание!

По трет пат е одржана церемонијата за доделување на наградите „Златно Тркало“ за 2022 година. Основан од најстариот македонски автомобилски медиум Авто Плус во функција на организатори и презентери на моделите се јавуваат, Авто Плус, CAR club mk, Cars by Vik и RPM mk. Во склоп на годинешното издание на изборот „Златно Тркало“, учествуваа 16 врвни автомобили, кои креираа повеќе од 12.000 гласања, коишто ги одредија најпосакуваните во вкупно 5 категории. Во три победија „штитениците“ на Порше Македонија – Volkswagen ID.4 однесе две признанија, едно Porsche Tycan, исто толку Peugeot 308 и KIA Sportsge. Златните статуетки беа доделени на 5те најпосакувани автомобили по категории, и тоа:
  1. Најпосакуван градски автомобил – Peugeot 308,
  2. Најпосакуван семеен автомобил – Kia Sportage,
  3. Најпосакуван електрифициран автомобил – Volkswagen ID.4
  4. Најпосакуван премиум автомобил – Porsche Taycan Cross Turismo,
  5. Најпосакуван автомобил во Македонија – Volkswagen ID.4.
„Златно Тркало“ ги презентира новитетите пред сите кои имаат пристап на интернет и социјалните мрежи, со цел да формираат резултати според кои ќе се пронајде најпосакуваниот автомобил во Македонија. Гласањето се вршеше на централниот сајт на www.zlatnotrkalo.mk и https://www.facebook.com/zlatnotrkalo.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER