Женева се сели во Катар

Женевскиот салон на автомобили поради отсуство на интерес на изложувачите и посетителите нема повеќе да се одржува во Женева, но ќе продолжи да живее во Катар

Организацискиот комитет на GIMS (Geneva International Motor Show) ги наведе „неизвесностите поврзани со автомобилската индустрија и нарушената атрактивност на големите европски саеми“ како аргумент за одлуката за дефинитивно откажување на понатамошните напори оваа манифестација да опстане. Импресивната традиција која датира од 1905 година оди во аналите на историјата. Годинешниот обид за рестартирање по четиригодишната пауза неславно заврши. Групацијата Рено со својата истоимена марка и нејзиниот буџетски бренд Дачија беше единствениот голем европски производител на автомобили што присуствуваше на ПалЕкспо 2024 година.

Ова им овозможи на кинеските производители на автомобили кои влегуваат во Европа, MG Motors и BYD, да се промовираат. Посетеноста и медиумското покривање не беше ниту бледа сенка од претходните години кога манифестацијата привлекуваше повеќе од 500.000 посетители, се сметаше за неутрален терен и кралица на автомобилските саеми. Организацискиот комитет соопшти дека ќе продолжи да планира одржување на автосалонот во Катар во ноември 2025 година, бидејќи се обидува да изгради нова публика надвор од Европа. Настанот во Катар се одржа за прв пат во 2023 година под името: Меѓународен саем за автомобили Женева во Катар. Со овој потег Европа останува со биеналните Минхен и Париз. Следниот европски саем ќе се одржи во Париз од 14 до 20 октомври. Меѓу марките што се очекуваат се Renault, Peugeot, Citroen, Alfa Romeo, BMW и кинескиот Xpeng.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER