Светот на автомобилите е возбудлив, секојдневно нешто се случува, на бината се појавуваат нови модели, но и од неа се симнуваат познати протагонисти. Навалицата на електричните возила, на радост на традиционалистите, не ги обесхрабрува марките што произведуваат високо перформансни примероци. Еден од таквите примери е Porsche 718 Spyder како и AC Cobra која се појави во ново издание и 663 бензински коњи. Alpine полека но сигурно се трансформира во спортски електричен бренд со студијата A290_β. Honda наеднаш претстави три модели а денеска ќе ве запознаеме со шестата генерација на CR-V.


