Zoox – Роботакси на иднината

Каписла на тркала

Во Калифорнија започна тестирање на такси без возач

Новата алтернатива на градскиот превоз има добри шанси и е на чекор поблиску до реална употреба. Иако во фаза на тестирање во реални услови на исползување сé уште е рано да се прогнозира дали и кога овие возила ќе станат фолклор на модерните градови.

Концептот на роботакси услуги и шатлови не е нов. Него во големо го разработуваат  General Motors со Cruise и Alphabet Waymo, но тие всушност се нормални автомобили опремени со автономна технологија. Zoox е од нив се издвојува затоа што е целосно автономно и електрично патничко возило кое нема возач ниту било какви команди својствени за останатите возила, но ги исполнува сите стандарди за безбедност на моторни возила.

Дизајниран како кутија, Zoox е роботакси конструиран исклучиво за сместување и превоз на луѓе како трамвај или автобус, само без возач. Наменет е да го направи личниот транспорт побезбеден, почист и попријатен. Тоа беше идејата кога пред 10 години започна проектот Zoox кого, во меѓувреме, го купи Амазон.

Не може да се каже кој е предниот и кој е задниот дел но двете лизгачки врати се отвораат широко и ви дозволуваат да влезете како во автобус. Долгжината од 3,63 м го прави Zoox помал од компактен автомобил, додека висината од 1,94 м овозможува пространа внатрешност во која има две клупи поставени спротивно.

Технички може да достигне брзина од 120 км/ч, но за првичните тестови максималната брзина е ограничена на 56 км/ч. Секој од патниците има држач за чаши и подлога за безжично полнење за својот телефон. Тие добиваат и дисплеј за контрола на климатизацијата или за проверка на маршрутата.

Овој концепт менува многу традиционални сваќања за превозот, па дури и за автомобилите бидејќи Zoox ве прави сè помалку зависни од концептот на поседување личен автомобил. Тестирањата се одвиваат во Фостер Сити на кратка релација а овој калифорниски град почна да наликува како сцена од научно-фантастичните филмови пред три-четири децении во кои се предвидуваше ваков вид роботакси во урбаните средини. Сега овие сцени почнаа да се остваруваат во реалниот живот.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER