Жителите на Лондон ќе го паметат денешниот ден

Жителите на Лондон ќе го паметат денешниот ден

Објавено на 08 април 2019 година

Многуте дискусии не сменија ништо – од денес за возење со постар автомобил низ централното градско подрачје во Лондон се плаќа по 21,50 фунти дневно, односно по 800 денари. Со оваа давачка се опфатени сите пред-Еуро 4 возила, бензински и дизел, што значи скоро сé произведено пред 2005 година. Таксата ќе се плаќа секој работен ден од 7 наутро до 18 часот навечер, а се очекува да погоди околу 10.000 автомобили дневно. И не само нив – автобусите ќе мора да платат дури по 100 фунти. Како и неговиот претходник, лондонскиот градоначалник беше неумолив околу оваа давачка, за која изјави: „Воздухот во Лондон е смртоносен и јас нема да стојам мирно не правејќи ништо. Овие мерки се потребни за да ги заштитиме лондонците од кризата со квалитетот на воздухот“.

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER