ZF – Brake by Wire – Сопирачки на струја

Со електро-механичка сопирачка и технологија со помош на жица, ZF создаде „хибриден“ систем за сопирање.

Новиот систем на сопирање овозможува апликација кај патнички и лесни комерцијални возила. Хибридното сопирање функционира без потреба од флуиди во сопирачките. Притисокот на сопирачките не се создава од притисокот на течностите во хидрауличниот систем, туку од електричните мотори.

Сигналите за сопирачките од педалот до електричниот мотор се пренесуваат електрично, поради што се користи терминот „суво сопирање по жица“. Електро-механичката сопирачка работи беспрекорно со интегрираната контрола на сопирачките, има целосно интегриран електро-хидрауличен систем кој обезбедува врвни перформанси на сопирачките за автоматско итно сопирање, рекуперација на енергијата пе сé до целосно автоматизирано возење за сегментите на патнички и лесни камиони.

Хибридниот систем е создаден со електричен систем на задната оска и хидраулика на предната и совршено решение е со високи перформанси за сите погонски склопови, вклучувајќи електрични и хибридни возила. Овозможува карактеристики на ADAS, како и подобрено чувство и перформанси на управувањето. Како што тврдат од ZF, производителот на електро-механичкиот сопирачки систем, тој ќе е сочинет од интегрирана единица која ги намалува трошоците за склопување на возилото, а истовремено ги намалува емисиите на CO2.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER