BMW ја рационализира понудата

Збогум за X4, Z4 и серијата 8

Доаѓањето на Neue Klasse серијата доведе и до промена на пазарната стратегија на BMW во чија гама повеќе ќе нема место за некои модели, не само заради големите средства потребни за развој на нивните нови генерации. Така одвојувањето на платформите на електричниот iX3 и бензинскиот X3 како жртва ќе ја земе неговата купе-кросовер изведба X4. Производството на актуелната генерација претставена 2018-та година веќе е запрено, а низ продажните салони може да се најде само уште по некој дизел модел. Се разбира во иднина можно е да се појави негов електричен еквивалент, но тоа сигурно нема да се случи со родстерот Z4. Како заеднички модел со Toyota Supra неговото производство во фабриката Magna Steyr во Австрија ќе заврши напролет идната година. Наследник нема да има ниту серијата 8 за која беше резервирано адмиралското место во понудата на марката. Истата судбина веќе ја снајде и серијата 6 која беше пензионирана во 2023-та година.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER