Започна производството на VW Tayron

Волфсбург останува тврдината од која се брани Volkswagen

Второто по големина спортско-корисно возило на Volkswagen, веднаш по  Touareg, своето комерцијално деби да го доживее во март 2025 година. Неговата премиера на парискиот салон на автомобили во октомври внесе оптимизам бидејќи публиката одлично реагираше на него. Во наредните недели примероците наменети за изложбените салони и демо-возења за европските дилери започнаа да излегуваат од производствената лента. Tayron се произведува во најголемата фабрика на VW Group, во колевката на марката, во Волфсбург. Првенецот од европското производство беше Tayron со Ultra Violet Metallic боја и, верувале или не, со дво литарски турбо-дизел мотор и панорамски покрив.Овој модел ќе има седум варијанти на мотори, вклучително и два приклучни хибриди со стандардна електрична автономија над сто километри. Tayron е четвртиот модел на Volkswagen што се произведува во главната фабрика во Волфсбурги се придружува на Golf, Touran и Tiguan.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER