Засега со оператор кој ќе надгледува
Во рамките на партнерството на Uber, Verne и Pony.ai во Загреб веќе циркулираат такси возила без возач. Патниците сепак не се препуштени на милоста и умноста на технологијата туку во возилата се наоѓа оператор кој внимава сé да помина како треба. Оваа услуга засега е ограничена на одредени подрачја во градот но постепено ќе се шири не само низ Загреб туку и на други места ширум Европа. Повеќе информации за тоа каде уште во иднина ќе биде достапна се очекуваат до крајот на годинава. Всушност првите возења со автономни такси возила во Загреб започнаа во април во организација на Verne но сега услугата е достапна преку апликацијата на Uber со што е подигната на далеку повисоко ниво. Во подоцнежните фази се планирани и целосно автономни возења, без возач или оператор.


