Cadillac XT4 :: За број помал, но со вистинска големина

За број помал, но со вистинска големина

После години колебање, Cadillac реши активно да се вклучи во битката за купувачите и во пониските кросовер класи
Објавено на 5 април 2018 година

Долго време беше најавуван, бројката во ознаката na Cadillac XT4 кажува дека во гамата ќе се најде под XT5 и по големината, и по цената. Во споредба со него треба да биде за 5 илјади долари поевтин и за дваесеттина сантиметри помал. Димензиите го сместуваат во класата чија продажба лани во САД порасна за скоро 20 проценти, благодарејќи исклучиво на европските модели. Токму во тој факт Cadillac XT4 ја има својата шанса бидејќи од нив го издвојува чистокрвната американска душа. Таа се согледува од актуелниот дизајн на марката и внатрешноста во која доминираат тамошните стилски прифатливи решенија. За жал американска е и опременоста но во лошата смисла на зборот, што значи дека кај XT4 во голема мерка изостануваат најсовремените електронски системи што ги имаат европските модели. Cadillac XT4Списокот опрема кај него завршува со безжично полнење на телефоните, инфо-забавен систем со четири USB порта, камера од 360 степени и слични ставки. Инфериорен е и во поглед на моторизацијата, која е ограничена на еден единствен дволитарски турбо мотор со 237 коњски сили, во комбинација со 9-степен автоматски менувач и погон само на предните или сите четири тркала. Предност се системот за деактивација на цилиндрите, како и активното ослонување со електронска контрола на амортизацијата.

За лансирање на XT4 надвор од САД, посебно во Европа, нема ниту збор. Наместо тоа од Cadillac истакнаа дека отсега па до 2021 година на секои шест месеци ќе претставуваат по еден нов модел.

Cadillac XT4

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER