Neo’s сврте нова страница!

Yamaha со децении е еден од најреспектабилните производители на скутери

Yamaha играше голема улога во класата до 50 кубни сантиметри, а сега започнува да го електрифицира овој сегмент. Наменет за Европа, тој презеде многу нешта од своите бензински браќа. Изгледот му е стилски скоро идентичен, а и техничката основа не се  разликува многу. Внимателното око сепак ќе го забележи електромоторот интегриран во задното тркало, како и 13-инчните пневматици со низок отпор на тркалање посебно развиени за него. Под седиштето има место за кацига, но само во основната верзија која се испорачува со една батерија чиј капацитет е доволен за околу 35 километри возење. За полнење се потребни цели 8 часа, а кој бара повеќе може да докупи уште една батерија со што автономијата се удвојува. Yamaha Neo’s има два режима на возење. Стандардно, излезната моќност на електромоторот е 2,8 коњски сили а максималната брзина 40 километри на час. Во економичниот режим моќноста е ограничена на нешто над 2 коњски сили а брзината на 35 километри на час, со што траењето на батеријата се продолжува. Овој скутер кој е прв електричен на јапонската марка може да се поврзе со телефон преку апликација што ги снима податоците за возењето. На избрани европски пазари во продажба ќе се најде во мај, по цена која надминува три илјади евра.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER