Yamaha – сервисна акција

Проблеми со ката диоптерот

Помалото одбивање на светлина причина за интервенција кај 400.000 моторцикли

објавено 12 октомври 2020

Реномираниот производител на моторцикли Yamaha има проблеми со ката диоптерот кај некои модели. Како што потврди компанијата, вградените рефлектирачки површини над регистерската табличка (мачји окца) може да не ги исполнуваат меѓународните стандарди и да не рефлектира доволно светлина. Затоа започна акција на светско ниво во која во сервис и бесплатна интервенција ќе бидат повикани над 400.000 мотоцикли и скутери. Во Германија, на пример, ќе се интервенира на 18.825 моторцикли на кои што црвениот рефлектор ќе се замени бесплатно а тоа се однесува на моделите N-MAX и X-Max 125, 300 и 400, YZF-R3, MT-03 како и XSR, Tracer и Ténéré. Од нашиот импортер Мото Азуро добивме информација дека во идниот период ќе ги контактираат сите купувачи на модели наведени од Yamaha и ќе бидат бесплатно заменети. Како истакнуваат од Мото Азуро, ова не е никаков технички или безбедносен проблем, но ќе постапат по упаствијата добиени од принципалот.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER