Бисер во мото поставата на Japan Mobility Show беше концептниот мотоцикл на Yamaha со вештачка интелигенција наречен Motoroid 2. Замислен како самофункционална машина која може самостојно да одржува рамнотежа, да се паркира и да го препознае својот сопственик, тој покажува во кои насоки ќе се движи идниот развој на мотоциклите.
Изгледот му е футуристички а такви се и механичките решенија, посебно предната и задната вилушка. Нивната конструкција овозможува мотоциклот да ја нема вообичаената рамка, така што горниот негов дел е интегриран со седиштето и тој изгледа како да е направен од едно парче.
Покрај него останатите новитети на Yamaha како што беа автономниот скутер Elove, трициклот Tricera или пак електричниот мотоцикл E-FV изгледаа како детски играчки.