Xpeng – Првите возила пристигнаа

Инвазија на Европа од север

објавено 11. јануари 2021

Кинескиот производител на автомобили Xpeng доаѓа во Европа и тоа својот поход на стариот континент го започнува од Норвешка. Таму се истоварени првите 100 примероци на компактниот електричен крос-овер G3. Како е декларирано од производителот G3 треба да има домет од околу 450 километри според WLTP стандардот. Xpeng минатата година продала 27.041 примероци од G3 и спортскиот седан P7, повеќе од петтина од нив само во декември. Во споредба со претходната година, вкупната продажба се зголеми за 112 проценти. Xpeng исто така котира на берза од август. G3 е достапен по цена од 33.700 евра, а може да се смета на дополнителни државни субвенции и даночни олеснувања. За оваа година Xpeng најави трет модел со систем за автономно возење „Xpilot“.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER