Xiaomi YU7 – 200.000 резервации за три минути

Што може да се направи за три минути? Дефинитивно малку нешта но, за тоа време, Xiaomi успеа да прими неверојатни двесте илјади резервации за новиот YU7.

Секоја од нив е потврдена со депозит од 600 евра. Уште по интересна ја прави прикаската податокот дека во првиот час 289 илјади купувачи застанаа во ред за својот примерок на електричниот кросовер.

Тоа е и разбирливо бидејќи  цена стартува од нешто малку над 30 илјади евра. Дека овие бројки далеку ги надминаа и најамбициозните продажни планови сведочи и фактот што фабриката во која ќе се произведува има капацитет за 300 илјади возила годишно.

Новиот YU7 е средно голем кросовер долг пет и широк два метра со електрична архитектура која работи на 800 волти. Основниот модел има електромотор од 320 коњски сили и автономија од 835 километри.

Верзијата со погон на сите тркала располага со 496 коњи а топ моделот со дури 690 кои го лансираат до сто на час за 3,2 секунди и дотеруваат до максимални 253 километри на час.

За одбележување е високото ниво на опрема која вклучува и системи за автономно возење. Компанијата се надева дека ќе започне со извоз во 2027 година.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER