VW – Сумирање на 2022

Оптимизмот го влеваат БЕВ

Минатата година VW испорача 4,56 милиони возила, од кои 330.000 биле БЕВ

Секој седми автомобил од брендот Volkswagen продаден во 2022 година бил целосно електрично возило. Од 4,56 милиони испорачани возила ширум светот, 330.000 биле БЕВ (батериско електрично возило), 23,6 отсто повеќе отколку во претходната година. Севкупно, бројот на испораки на сите типови возила на VW во 2022 година беше за 6,8 проценти помал отколку во претходната година.

На ова треба да се додаде дека поради проблемите во ланецот на испорака на компоненти VW во Европа не успеа да испорача 640.000 веќе нарачани возила. Менаџерскиот тим на компанијата учинокот во минатата година сепак го оценува како солиден. Јасна е ориентацијата на Volkswagen кон БЕВ и во моментот ја има најширока палета на електрични модели. До 2026 година, Volkswagen ќе ја заокружи понудата во секој сегмент, од најмалиот електричен автомобил со предвидена цена помала од 25.000 евра до новиот ID 7.

Со околу 170.000 единици испорачани на купувачите во 2022 година, ID.4 е шампионот во продажба помеѓу БЕВ на Volkswagen Group. Во Кина, Volkswagen повеќе од двојно ги зголеми испораките семејството ID. Во 2022 година таму се продадени 143.100 ID.3, ID.4 и ID.6 што е скок од 102,9 проценти.

Исто така, во Северна Америка продажбата се зголеми за 27,7 проценти. ID.4 во Шведска беше најпродаваниот автомобил воопшто со околу 8.900 примероци. Откако го предаде првиот ID.3 во септември 2020 година, Volkswagen испорача повеќе од 580.000 автомобили од семејството ID ширум светот. Спортско-корисните возила остануваат најбрзо растечкиот сегмент на глобалниот пазар со учеството во бројот на вкупно продадените возила од 45 проценти, што е покачување од  4 отсто во однос на 2021 година.

Во САД, Volkswagen оствари дури повеќе од 80 проценти од својата продажба со овој тип возила, а во Европа, T-Roc е најпродаваното возило на пазарот на спортско-корисни возила. Volkswagen очекува 2023 година да остане нестабилна и предизвикувачка поради континуираните тесни грла во снабдувањето со полупроводници. Сепак, компанијата прдвидува дека состојбата со понудата постепено ќе се подобрува.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER