T-Roc постигна максимална оценка од пет ѕвезди на тестовите на Euro NCAP
Најпродаваниот модел на VW, кросоверот T-Roc прокнижи уште еден врврн резултат. Не само што е најпродаваниот модел од Волфсбург, тој се закити со максималните пет ѕвездички на ригорозниот тест за активна и пасивна безбедност на Euro NCAP – Европската програма за проценка на безбедноста на нови автомобили.
Тие вклучуваа заштита на возрасни патници, заштита на деца и заштита на ранливи учесници во сообраќајот, како и заштита на пешаците. Покрај тоа, тест тимот на Euro NCAP става голем акцент на спречување на несреќи. И во оваа област, компактниот кросовер кој е опремен со бројни стандардни системи за помош на возачот и системи за итно сопирање дури и во основната верзија доби високи оценки од комисијата за тестирање.
Со ова популарниот T-Roc се придружи на браќата Tayron, Golf, ID.3 и ID.4 кој во текот на годината се здобија со највисоките оценки од респектираната независна организација. Сите награди уште еднаш покажуваат дека Volkswagen ги исполнува своите барања за безбедност: компанијата распоредува високотехнолошки системи за помош не само во премиум моделите, туку особено во своите модели со голем обем на производство, со што дополнително се подобрува удобноста и безбедноста на индивидуалната мобилност.

