VW Polo GTI – 25 години

Polo GTI Edition 25

Во 1998 година Polo првпат ги додаде иконските букви на своето име

Исто како и неговиот „постар брат“ Golf GTI, Polo има долга историја и голем број спортски претходници. VW одбележува четвртина век од Polo GTI со специјалниот јубилеен модел Polo GTI Edition 25, ограничен на 2.500 примероци.

Како што доликува за јубилејно издание напаравени се зафати што го одвојуваат од сите останати рафинати. Моќниот дволитарски TSI мотор со 207 КС и вртежен момент од 320 Nm го забрзува Polo GTI Edition 25 од 0 до 100 km/h за 6,5 секунди.

Моделот е опремен со специјално калибрирана спортска суспензија што го прави понизок за 15 милиметри и во комбинација со електронското блокирање на диференцијалот XDS, обезбедува одлична динамика, подобрена тракција и прецизно управување.

Новиот специјален модел  визуелно ја нагласува својата исклучителност. Polo има класичен декор за  GTI изведба како црвени клешти на сопирачките и ленти за украсување, дизајн со саќе на решетката на ладилникот и хромирани издувни цевки.

На нив додадени се мноштво други ексклузивни карактеристики на опрема, вклучувајќи 18-инчни алуминиумски тркала во црна сјајна боја, црн покрив и црни надворешни ретровизори, а сето тоа помага да се создаде неговиот спортски изглед.

Внатрешноста е стандардно опремена со врвни спортски седишта пресвлечени со перфорирана црно-црвена кожа со штепувани GTI логоа и сјајна црна декоративна облога со црвени натписи GTI.

Сопствениците ќе бидат потсетени дека нивното возило е едно од ограничениот број со логото „One of 2500“ на облогата на прагот. Покрај традиционално достапните бои за GTI изведбите за ова издание е додадена ексклузивната Ascot Grey.

Се знае дека Polo GTI Edition 25 ќе биде достапен за нарачка во Германија од 1 јуни, по цена од 35.205 евра. Колку примероци ќе се најдат на други пазари не е познато.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER