VW – NEW AUTO

Цилиндрите и волумените на отстрел!

VW ќе намали 60% од автомобилите со мотори на внатрешно согорување за да се фокусира на премиум пазарот.

Во следните осум години VW планира да намали 60% од моделите чии мотори користат фосилни горива за да се фокусира на квалитетот, наместо на обемот и пазарниот удел. Ова во Берлин го потврди Арно Антлиц, директорот за финансии на групацијата Фолксваген. Тој продолжува: „Клучната цел не е растот па затоа  VW ќе ја намали својата палета на автомобили со бензински и дизел мотори кои се составен дел од најмалку 100 модели распространети низ неколку марки во Европа.“ Според угледниоит Financial Times, новата стратегија на VW е знак за длабоки промени во автомобилскиот сектор, кој со децении се обидува да го зголеми профитот продавајќи повеќе автомобили секоја година, дури и ако тоа бара големи попусти. Новата стратегија е дијаметрално спротивна од претходната која беше зацртана од поранешниот извршен директор Мартин Винтеркорн, чија цел беше да ги надмине Toyota и General Motors и VW да стане најпродаваниот светски производител на автомобили до 2018 година.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER