VW – Кина

Вести

Влоговите растат

Со премиерата на автомобилскиот саем во Ченгду, Volkswagen го воведува ID 3

објавено 31. август 2021

Зошто ID3 е последен електричен модел претставен во Кина веќе не е битно прашање. Неговото појавување го прави трет потполно електричен модел присутен во Кина со значката на VW во рок од само шест месеци. Тој ќе им се придружи на ID4 и ID6 во четвртиот квартал годинава.

Во мај на пазарот беа лансирани споменатите изведби и нивниот пласман расте. Во првите три месеци од продажбата пласирани се повеќе од 10.000 примероци. До крајот на годината, во зависност од снабдувањето со полупроводници, 80.000 до 100.000 возила од семејството ID ќе бидат доставени до клиентите во Кина.

VW ги зголемува своите апетити во полето на батериските електрични возила (BEV) каде има раст од 182% и кај приклучните хибриди со плус од 175%. Ваквиот прогрес треба да го заокружи учеството на VW на годинешниот глобален пазар со околу 160.000 единици. Во првите шест месеци од оваа година, Фолксваген беше лидер на пазарот во Европа за целосно електрични возила со 15,4 проценти.