Во чест на поклониците
Со својата Студија ID Extreme Фолксваген подготви изненадување за присутните во Тичино, Италија, каде се одржа меѓународниот збор на љубутелите на електричните производи од Волфсбург. Возилото е базирано на ID 4 GTX, но доаѓа како вистинско теренско возило. Погонот со перформанси на задната оска и софтверските прилагодувања на контролната единица ја зголемуваат моќноста на возилото со погон на сите тркала за 65 kW и во споредба со адекватниот GTX сега располага со 285 kW. Основата на ID Extreme има поголемо растојание од тлото со 18-инчни теренски тркала и пет сантиметри пошироки браници направени со техника на 3D печатење. За да делува уште потеренски, на багажникот на покривот дополнително се додадени LED светла, а целосно затвореното алуминиумско подвозје е погодно за употреба на нерамен терен. Вештачки генериран шум од возењето се емитува во околината преку генератор на звук во куќиштето на тркалата. Внатрешноста на ID Xtreme е обложена со алкантара, модифициран систем на седишта и елементи во нагласената портокалова боја. Во однос на одржливоста, за концептното возило се искористи неупотребено тест возило од развојот на серијата ID 4 со вградена батерија од 82 kWh.



