Скок од 27 отсто
Во првата половина на годинава групацијата Фолксваген испорача 27 отсто повеќе целосно електрични автомобили во однос на истиот период лани. И покрај тесните грла во испораката, привременото стопирање на производството во Европа и повторните изолации поради Ковид во Кина, 217.100 целосно електрични возила (БЕВ) беа предадени во првата половина од годината, во однос на 170.900 за истиот период минатата година. Уделот на БЕВ во вкупните испораки достигна 5,6 проценти, во споредба со 3,4 проценти во првата половина на 2021 година. Состојбата по региони покажува дека Европа продолжи да биде лидер во првата половина од годината со 128.800 возила што е повеќе од половината продадени БЕВ на групацијата. Вториот најголем пазар на БЕВ за групата е Кина со 63.500 испораки, додека САД сочинуваат осум проценти од глобалните испораки на БЕВ на групата. Основната марка Volkswagen испорача 115.900 БЕВ до крајот на јуни (удел од вкупниот број на Групацијата: 53 проценти). Потоа следуваат Audi со 50.000 возила (23 отсто), Шкода со 22.200 возила (десет отсто), Порше со 18.900 возила (9 отсто) и Сеат/Купра со 8.300 возила (четири отсто). Најуспешните модели на BEV во првата половина на 2022 година се Volkswagen ID 4/ID 5 – 66.800 возила, Volkswagen ID 3 – 26.000 возила, Audi e-tron (вклучувајќи Sportback) – 24.700 возила, Skoda Enyaq iV (вклучувајќи купе) – 22.200 возила, Porsche Taycan (вклучувајќи Cross Turismo) – 18.900 возила, Audi Q4 e-tron (вклучувајќи Sportback) 18.200 единици.


