VW Golf GTI & GTI Clubsport 8.1

Повеќе моќност за дедото на сите компактни спортски автомобили

Викендот што помина беше во знакот на GTI двоецот на VW. Новата моделска генерација дебитира на 24 часовната трка во издржливост на Нурбургринг со специјалната изведба VW GTI Clubsport „24h“ со 348 КС стокмена за оваа прилика.

За купувачите пак резервирани се GTI и GTI Clubsport верзиите кои не се моќни како тркачката, но имаат респектабилна сила и одлични спринтерски капацитети. Двата компактни спортски автомобили имаат независно дизајнирани предни браници, покривен спојлер и тркала, а од дволитрениот бензинец испорачуваат различна сила.

Моќноста на GTI се зголемува за 20 КС до 265 КС. Тоа му обезбедува максимални 250 км/ч, забрзување до стотка за 5,9 секунди проследени со максимален вртежен момент од 370 Nm. GTI  Clubsport треба да ги задоволи потребите на тврдокорните љубители на спортскиот Golf со неговите 300 КС и 400 Nm, на спринтот е за 0,3 секунди е побрз од GTI, а со опционалниот Race Package достигнува 267 км/ч.

Затоа пак и двете изведби добија дополнително усовршен подвозјето со прогресивното управување и електронски контролирана блокада на диференцијалот на предната оска. Тие имаат идентична ЛЕД лента во решетката на ладилникот. Над шипката се протега црвена линија која е карактеристика на GTI присутна од 1976 година уште од првиот Golf GTI.

За прв пат осветлено е логото на VW во предниот дел. Најновото ниво на инфозабава и Digital Cockpit Pro ја красат внатрешноста како и спортските седишта со култната GTI опшивка.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER