VW Golf GTI EDITION 50 – Нов рекорд на „Зелениот пекол“

Јубилејното издание стана најбрз сериски автомобил со погон на предните тркала на легендарниот Нурбургринг – Нордшлајфе

Патеката во должина од неполни 21 километар е мегдан каде се докажуваат сите модели на сите производители. Секое врвно остварување на овој асфалт е престиж и мерка за успешност.

VW Golf беше оснивач и суверен на компактните автомобили, а сега, со јубилејното издание посветено на 50 годишнината на постоењето на моделот го докажа својот статус. Golf GTI EDITION 50  со мотор моќен 325 КС, забрзување од 0 до 100 км/ч за 5,3 секунди и максимална брзина од 270 км/ч стана најбрзото сериско возило со погон на предните тркала на патеката Нурбургринг – Нордшлајфе.

DCC

На тест-возачот на Volkswagen, Бенџамин Лојхтер, му требаа само 7:44,523 минути за да го заврши кругот од 20,832 километри на легендарната тркачка патека.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER