VW Golf GTI – Продаден за 87.000 долари

Голфче, златно Голфче

Дали купувачите го изгубија умот или толку треба да чини еден олдтајмер Golf GTI?

Сведоцисме на инфлацијата и постојаното качување на цените. Како расте цената на новите возила, така расте и вредноста на половните, додека класиците стануваат гротескно скапи. Доказ за тоа е веста која пристигна од САД каде Volkswagen Golf GTI од 1992 година со изминати 53.000 миљи се продаде за 87.000 долари.

Неговата состојба е „џилитка“, а скаменува фактот дека целата купопродажба се базирала на размена на фотографии. Купувачот прв пат го видел Голфчето кога му бил довезен дома на приколка. Мора да се признае, VW Golf GTI од втората генерација е во многу добра состојба, а моторот со 16 вентили беше најпосакуван меѓу Голфаџиите. 2.0-литарската машина имаше 137 КС/102 kW кога беше нова.

Продаден нов во Тексас, автомобилот всушност го помина поголемиот дел од својот живот во Холандија, пред да биде вратен во САД во 2022 година. Каросеријата на рекордерскиот Голф е црвена и опремен е со предни седишта Recaro, клима уред, стерео со касетофон Philips и 15-инчни BBS тркала.

Има поминато 85.295 км и старост од полни 30 години. Цената од 87.000 долари е апсолутен рекорд бидејќи досега ниту еден VW Golf GTI од втората генерација во САД не бил продаден за повеќе од 20.000 долари. Дали ова ќе ја зголеми цената на Балканот на култниот сараевски Голф од истата генерација со дизел мотор останува да видиме.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER