Минатиот викенд беше за помнење во редовите на Volkswagen и поклониците на Golf
Во исто време промовиран е јубилејниот Gоlf GTI што го одбележува 50-от роденден на иконата, a GOLF GTI Clubsport победи во својата класа на 24 часовната трка на Нурбургринг.
Оваквиот успех само потврдува дека, покрај многуте предизвици и неповолни ситуации, Volkswagen има сила и волја да продолжи по патот на успехот.
Но победите се вообичаени за мото-спорт одделението на Volkswagen. Она што вистински ќе ги израдува поклониците на оваа марка е специјалната едиција која треба да го прослави 50-от роденден на Golf GTI. Јубилејниот модел кој ја воведе класата GTI во светот на автомобилите е претставен на легендарниот Нурбургринг – Нордшлајфе?!
Токму така, пред 24 часовната трка на „зелениот пекол“, VW го „истрча“ совојот Golf GTI EDITION 50.
Тој е претставен, но за нарачки ќе биде отворен во првиот квартал од 2026 година.
Јубилејното издание ќе им ја понуди на поклониците на „кралот на компактната класа“ својата најсилна GTI изведба која од дволитрен турбо-бензински мотор ќе испорачува 325 КС и 420 Nm.
Ова е засилување од 60 коњи во однос на стандардниот GTI, но сепак, за воља на вистината, има седум коњи помалку од Golf R.
Повторно, ако се зборува за воља на вистината, пред продукцискиот модел на VW Golf GTI EDITION 50 оствари побзо време на истата патека, долга 21,8 километри, од најсилниот припадник на семејството за цела секунда со забележани 7 минути и 46 секунди
Подвозјето на Golf GTI EDITION 50 е дополнително усовршено и прилагодено на поголемата моќност и е 15 мм поблиску до тлото од основната конфигурација.
Дополнително прилепување до асфалтот од 50 милиметри се додаваат со опционалниот пакет за перформанси како и специјалните бандажи и титаниумскиот издувен систем „Акраповиќ“ ја намалуваат тежината на возилото за над 20 килограми.
Роденденската едиција ќе има ограничен број на примероци, но уште не се знае колку. Искрено се надеваме дека барем еден од нив ќе биде присутен и кај нас.




