VW – електрични возила

Вести

Дуплирана продажба

Во првиот семестар на годинава групацијата VW поставува нови рекорди!

објавено 23. јули 2021

Групата VW повеќе од двојно ја зголеми продажбата на електрични автомобили во првата половина на годинава. Во првите шест месеци, компанијата испорача 170.939 возила на батерии во целиот свет. Тоа е за 165 проценти повеќе отколку во првите шест месеци од претходната година. Растот значително е зголемен во вториот квартал. Во Европа се продадени најмногу возила. Со вкупно 128.078 испораки тоа е зголемување од 74,9% што во вкупната бројка на продадени електрични возила на Стариот континент е учество од 26 проценти, показател кој му обезбедува на концернот VW лидерска позиција на пазарот. Во САД бројките за првиот семестар не се ниту приближни на Европските, каде се испорачани 18.514 електрични возила на батерии. Слично стојат работите во Кина со пласман на 18.285 единици. Малку повеќе од половината од продадените електрични автомобили на Групацијата го носат беџот на VW. Audi и Porsche учествуваат во вкупната бројка со по 20% додека останатите 10% ги сочинуваат Škoda и ЅЕАТ. Најпродавани пет модели се VW ID 4 и ID 3, Audi e-Tron, Porsche Taycan како и VW e-Up.