
Бидете информирани
Добивајте информации за сите новости од Авто Магазин
Menu
Во својата актуелна генерација Touareg игра значајна улога во трансформацијата на марката во премиум сегментот. Значајно внимание е посветено на завршната обработка, детаљите и употребените материјали, па за јубилејното издание обезбедени се новата боја Meloe Blue, ексклузивни тркала од 20 инчи, цреша црвени LED задни светла, плочка на столбот Б со посвета „Edition 20“, затемнети стакла, како и лакови на тркалата и дифузер во сјајно црна боја.
Внатрешноста е опремена со црни кожени седишта со светло беж контрастни врвови. Има и двојни шевови на контролната табла, на воланот и на внатрешноста на вратите. Специјалниот модел во Германија веќе може да се нарача, а од средината на јуни ќе биде достапен со четири различни мотори. Погонот на сите тркала и осумстепен автоматик се стандардни. Цените започнуваат од 77.530 евра за V6 TDI со 231 КС.
Зачлени се на нашиот NEWSLETTER
Добивајте информации за сите новости од Авто Магазин