VW – Нов кормилар

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Гром од ведро небо или долго подготвуван маневар.!?

Херберт Дис, извршниот директор на Групацијата VW, ќе ја напушти компанијата, шефот на Porsche, Оливер Блуме, ќе ја преземе улогата од први септември.

Херберт Дис станува најновиот во долгата низа на извршни директори во Волфсбург  отповикани од сложените центри на моќ на VW.  Досега, кариерата на Дис во Фолксваген во повеќе наврати беше доведена во прашање за време на неговиот четиригодишен ангажман како извршен директор, последен пат кон крајот на минатата година поради судирите со моќниот работнички совет на компанијата за неговата стратегија за електрификација и стилот на управување.

Неговото заминување доаѓа додека компанијата се залага да ја победи Tesla и да стане врвен светски производител на електрични возила, да го достигне саканото ниво на софтверот во бозилата и да изврши берзански пробив на Porsche. Дис (63) својата кариера во Фолксваген ја започна во 2015 година кога беше регрутиран од BMW, непосредно пред VW да ја признае својата улога во Дизелгејт аферата. Веројатно, тој ги наметна најагресивните напори за електрификација меѓу старите производители на автомобили, добивајќи дури пофалби од извршниот директор на Tesla, Илон Маск.

Дис иницираше амбициозен притисок за производство на батериски ќелии ветувајќи дека ќе ја модернизира компанијата и ќе обезбеди побрз раст. Во исто време, тој повремено дозволуваше проблемите со синдикатите на VW и другите засегнати страни да се прелее во јавноста. Тешкиот стил на водство на Дис предизвикуваше постојани тензии и ја поткопа неговата ефикасност. Грешките на клучните проекти, вклучително и доцнењето на новиот софтвер на VW придонесоа за актуелизирање на неговото заминување. Добро информираните кругови велат дека семејствата Порше и Пих, кои поседуваат повеќе од половина од гласачките права и 31,4 отсто од акциите во Фолксваген, притискаа за промена на челната позиција. Новиот извршен директор на Групацијата Фолксваген ќе биде Оливер Блуме. Тој ќе ја продолжи својата улога како шеф на брендот Porsche, придружуван од актуелниот главен финансиски директор на VW, Арно Антлиц, кој ќе ја преземе функцијата главен оперативен директор.

Тој ја започна кариерата во 1994 година како приправник во Audi, а потоа се искачи низ хиерархијата во Seat и VW пред да се приклучи на Porsche во 2013 година како шеф на производство. Тој успеа во голема мера да ја спречи вмешаноста на Порше во скандалот со дизел-емисиите на VW.

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 90.00 ден
  • еуросупер 98 - 92.00 ден
  • еуродизел Д5 - 90.00 ден
  • течен нафтен гас - 53.00 ден
  • метан - 161.50 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER